Мерко бил на операција, одложени рочиштата за плочата и осветлувањето на Дрим

Од:

Струшкиот суд ги одложи двете рочишта закажани за денеска против поранешниот градоначалник на Струга Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим.

Причина за одлагањето, според судечкиот судија Јордан Јованов, е привремена спреченост за работа поради оперативен зафат на обвинетиот.

Последните рочишта за овие предмети беа во ноември, кога беа одложени поради отсуството на бранителот на Мерко, за што Судот го казни парично по 1.000 евра од предмет, а беа одложени и термините во декември. Следно рочиште е закажано за почетокот на април.

Предметот со плочата е во завршна фаза, додека со осветлувањето на коритото на реката Црн Дрим треба да почне од почеток.

Како градоначалник на Струга Мерко во март 2024 година, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое, според обвинението, поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

Против него се води постапка и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на реката Црн Дрим, без водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тој, според обвинението, како градоначалник ги пречекорил службените овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на дел од речното корито на Црн Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа овозможил изведувачот да постави светлосни тела во водите на реката во должина од по 900 метри од двете страни на коритото, кои согласно вештачењето на Обвинителството, таквата инсталација од 300 светлински арматури негативно влијаела на режимот на водите, морфологијата на водното тло и хидро-биолошкиот систем во реката. За реализацијата на проектот буџетот на Општината бил оштетен за над 6 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Левица: Зошто Мицкоски молчи за криминалот на универзитетот на Мерко?!

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски

Левица: Дали „универзитетот” на Мерко е легализирана дивоградба со намена семејна куќа?

Катерина Ѓуровски

Две години условна и 2.500 евра парична казна за Рамиз Мерко

Ново обвинение за Мерко, овој пат за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Мерко денеска на две рочишта за незаконско поставување директори во училишта во Струга и во Велешта

Катерина Ѓуровски