Мерки на ПОЦ за заштита од коронавирусот

Од:

ЈП Паркинзи на Општина Центар согласно новонастанатата ситуација со Корона вирусот и донесените одлуки и препораки од Владата на РСМ, од утре воведува превентивни мерки со цел намалување на ризикот од доаѓање во допир и заразување со Корона вирусот.

„ЈП Паркинзи на Општина Центар ја известува јавноста дека привремено ќе ги затвори шалтерите за прием на странки и ги повикува сите корисници, во наредните две недели, да ги користат услугите на претпријатието исклучиво по електронски пат на веб платформата www.poc.mk. Корисниците ќе можат онлајн да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, да извршат електронско плаќање за истите, да плаќаат дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, да поднесуваат рекламации и приговори, да вршат проверка на состојба на М-карта со целосен увид на билансот на картата, како и пријавување на гостинска регистарска табличка, проверка на состојбата на гостинските часови и надополнување и плаќање на истите преку кредитна картичка, трансфер на пари и/или e-вирман. Исто така, за секоја потребна информација корисниците ќе можат да се обратат во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар на телефонскиот број 02 3212 488 или во контакт центарот на 072 251 251.

ЈП Паркинзи на Општина Центар апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките кои доаѓаат од Министерството за здравство и Владата на РСМ и да се придржуваат до истите, а воедно и да го зголемат нивото на хигиена, да избегнуваат физички контакти, да го одржуваат имунитетот, да пијат повеќе течности и доколку забележат одредени симптоми да се јават на 071 289 614 во Центарот за јавно здравје во Скопје“, информираат од ПОЦ.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска