А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Меркел утре ќе го убедува Макрон да попушти за Северна Македонија и Албанија

by А1он12/10/2019 - 10:1412/10/2019 - 14:58599
Share0

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон утре треба да остварат средба, која, како што објави германската државна агенција ДПА, дипломатите ја сметаат за последна шанса да се убеди Париз да го смени ставот за блокирање на планираниот почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Се надеваме дека Париз уште еднаш ќе размисли за својата позиција и дека нема да дозволи да биде изолиран во Европа од внатрешно-политички причини, вели дипломат во Брисел за германската агенција.

Оценува дека оној што сега ќе го блокира пристапниот процес ќе биде одговорен за можната дестаблизација на регионот.

Германската Влада смета дека Северна Македонија и Албанија ги исполниле сите услови што од нив ги побарала ЕК. Германската агеција ДПА нагласува дека блокадата ќе биде особено горчлива за Северна Македонија, која се согласи на промена на името за да го откочи процесот на интегрирање во Унијата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Германија не е единствената која не се согласува со францускиот потег, пишува ДПА и додава дека таквиот став го споделуваат и многу други земји-членки на ЕУ.

Франција сака да поднесе предлог за нова методологија во пристапните преговори за членство во ЕУ на министерскиот состанок во Луксембург, со што би можело третпат да се одложи одлуката за отворање преговори за Албанија и Северна Македонија. Поголемиот дел од земјите во ЕУ се за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

В понеделник е свикан нов состанок на COREPER, како обид за постигнување на консензус пред министерскиот Совет за општи работи кој треба да заседава во вторник, на 15-ти октомври во Луксембург.

eufrancijagermanijamakedonija

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ08/10/2026 - 17:0308/10/2026 - 17:06

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Предраг Петровиќ08/10/2026 - 16:19

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Предраг Петровиќ08/10/2026 - 15:47

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он08/10/2026 - 10:2608/10/2026 - 10:26

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

Предраг Петровиќ07/10/2026 - 17:28

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ06/10/2026 - 20:4706/10/2026 - 20:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео