Меркел се спрема за пензија: Ќе се наспијам и ќе шетам во природа

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека во период на пандемија нема време да размислува за нејзината иднина по напуштањето на функцијата шеф на германската Влада. Таа планира да го стори тоа откако ќе ѝ заврши мандатот.

– Работата ми го одзема целото време, особено во периодот на пандемијата на коронавирусот, така што немам апсолутно време да размислувам што ќе правам понатаму. Ќе се наспијам, ќе шетам во природа и ќе мислам со што точно сакам да се занимавам. Се радувам за тоа, но засега со задоволство ја извршувам својата работа, изјави Меркел на настанот по повод 76-годишнината од ослободувањето на Холандија од нацистичката окупација.

Следните парламентарни избори во Германија ќе се одржат на 26 септември 2021 година без учество на сегашната канцеларка Ангела Меркел. Таа неколку пати изјави дека нема намера да се кандидира во име на конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ за функцијата шеф на германската влада и дека планира да ја напушти политиката по завршувањето на нејзиниот мандат.

На крајот на 2018 година, Меркел ја напушти функцијата претседател на партијата, но остана на функцијата канцелар.

Ангела Меркел е на чело на кабинетот од ноември 2005 година.

Би можело да ве интересира

„Ди Велт“: Зеленски влегува во 2026 без конкретна мировна понуда

Грабеж на векот во Германија: Украдени 90 милиони евра од банкарски сефови

Голем грабеж во Германија: Според првичните проценки, украдени се над 30 милиони евра

АфД е обвинета за собирање податоци за Русите

Германец со години ја дрогираше и силуваше сопругата – доби осум ипол години затвор

А1он

Германските власти спречија можен напад, уапсени се пет лица