МЕПСО ќе им ги чисти и полира чевлите на вработените

Од:

Со проценета вредност без ДДВ од 61.500 денари или приближно 1 000 евра, енергетската компанија АД МЕПСО во петокот објави тендер за набавка на машина за чистење чевли на вработените.

Во техничките карактеристики е наведено дека станува збор за машина за чистење и полирање чевли за административни и деловни канцеларии. Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Машината, според техничката спецификација, треба да е со висококвалитетна изработка, кутијата треба да биде изработена од не`рѓосувачки челик со три четки. Со машината треба да се испорачаат и сет резервни четки и боја за чевли (црна и кафеава) за три полнења. Понудите треба да се достават до 5 февруари следната година.

АД МЕПСО во јули објави тендер на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки со кој ќе купува мебел, кујни, гарнитури, столчиња, гардеробери, полици… Проценета вредност на договорот без ДДВ беше над 350 илјади евра.

„Машината за чистење чевли е функционален и вообичаен елемент кој е дел од ситниот инвентар на секоја средна или голема компанија во Република Македонија. Од тоа произлезе потребата за набавка на нова машина за чистење чевли. Согласно со Законот за јавни набавки е објавен повик за сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, а проектираната вредност на набавката е 1.000 евра во денарска противредност“ велат од МЕПСО.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

МЕПСО: Се соочуваме со кибер напад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

Горан Наумовски

МЕПСО и Регулаторна потпишаа меморандум за спојување на пазарите на струја со Косово, Албанија и Грција

Орце Костов

Ковачевски: Ако Грците сакаат да купат дел во МЕПСО, ние сакаме да купиме дел од солунското пристаниште

Катерина Ѓуровски

Птица направи испад во РЕК Битола

Катерина Ѓуровски