МЕПСО ќе го исклучи осветлувањето на дирекцијата за поддршка на „Час на планетата Земја“

Од:

Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) денеска од 20:30 до 21:30 часот ќе го исклучи електричното напојување на осветлувањето на фасадата на Дирекцијата во знак на поддршка на глобалната акција „Час на планетата Земја“.

На овој начин МЕПСО ќе ја поддржи глобалната акција „Час на планетата Земја“, која поттикнува рационално користење на електричната енергија и оптимално користење на природните ресурси.

Глобалната акција „Час на планетата Земја“ е глобален граѓански и корпоративен активизам за подигање на свеста за намалување на биодиверзитетот во светски рамки.

Годинава акцијата се манифестира преку симболично исклучување на осветлувањето со цел да се испрати симболична порака за спас на планетата Земја, за запирање на климатските промени и за ризикот од намалување на биодиверзитетот.

И оваа година над 80 локации потврдени низ целата територија на земјава ќе потонат во едночасовен мрак, за поддршка на еколошката акција „Часот на планетата Земја“.

Би можело да ве интересира

Дефект и краткотраен испад на преносната мрежа, МЕПСО објави зошто голем дел од земјава остана без струја

Катерина Ѓуровски

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра на фирма која 5 години нема никаков приход

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10 милионски тендер

Катерина Ѓуровски

ВМРО – ДПМНЕ: Обвинителството да отвори предмет за сомнежите за криминал во МЕПСО