Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија доби 700 документи од Државниот архив на Албанија

Од:

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска од Државниот архив на Република Албанија ги доби и првите 700 документи кои се однесуваат на бегството на Евреите од Македонија, земјите во Балканот и други европски држави во период 1941-1944 и нивното доаѓање во Албанија.

Дел од документите се претставени на изложбата насловена „Честа на човекот“ подготвена од Архивот на Република Албанија, која денеска беше отворена во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

По повод изложбата, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, денеска се одржа прес-конференција на која директорот на Државниот архив на Република Албанија, Џет Ндои заедно со претседателот на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Пепо Леви потпишаа Меморандум за соработка, која вклучува размена на архивски списанија и литература, научни и информативни материјали, упатства и публикации, фондови за слики и видео записи, со право на нивното издавање, репродукција, дистрибуција, како и на копии од архивската граѓа.

Вицепремиерот Муса Џафери на отворањето на изложбата рече дека во рамки на соработката меѓу двете институции е и изложбата на документи и слики на тема „Честа на човекот“, која е дел од еден автентичен доказ за тешкото минато на еврејскиот народ во текот на Втората светска војна.

– Ова е добра можност да може да се повикаме на својата свест и совест и да не дозволиме овие настани да се повторат на кој било друг, истакна Џафери.

Регионалната соработка на културните институции, додаде, е една многу важна алка за соработката меѓу соседните народи.

Директорот на Државниот архив на Република Албанија, Џет Ндои истакна дека потпишаниот Меморандумот за соработка има за цел меѓусебна размена на документи и збогатување на архивите.

Леви посочи дека изложбата е посветена на човековата хуманост за време на тешките времиња, прогоните и депортациите. На дел од панелите, истакна тој, ќе ги забележите Евреите од Битола и Скопје кои својот живот го спасуваат благодарејќи на фактот што своите засолниште го пронашле во Албанија.

– За време на Втората светска војна се повеќе се намалувало бројното еврејско население. Македонија само за еден месец ги загуби своите 7.144 Евреи или 98 отсто од еврејската популација, кои живееле на територија на Македонија беа испратени во логорот на смртта Треблинка. Тоа никогаш не можеме да го заборавиме, рече Леви.

Нагласи дека се посветени во напорите да придонесат кон подобрување на моралните, образовните, социјалните и културните вредности за новите генерации во насока на градење на мирен соживот и унапредување на севкупните општествени односи.

– Сакаме Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија да прерасне во Регионален центар за истражување, едукација и сеќавање на холокаустот како вечна опомена дека само со дијалог, толеранција, соживот и меѓусебна почит можеме да изградиме подобро општество за наша добробит и добробит на нашите најмили, додаде Леви.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза