Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и Хуманитарно здружение “Мајка”

Од:

Денеска од името на Општина Куманово градоначалникот Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со претседателката на Хуманитарното здружение “Мајка” Лидија Илијевска. На чинот на потпишување присуствуваше и претседателката на Совет на Општината, Ивана Ѓорѓиевска.

Овој Меморандум има за цел да воспостави тековна соработка меѓу двете страни за поддршка на женското претприемништво и економско вклучување на жените, во рамките на проектот “Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан – EWI”, поддржан од “CARE International Balkans”, во партнерство со Консалтинг за стратешки развој како национален партнер за Северна Македонија, со финансиска поддршка од Австриската развојна агенција.

Соработката ќе биде насочена кон поддршка на жените претприемачки при развој и унапредување на нивните бизниси, зголемување на вработеност на жените преку развој на вештини, сертифицирано стручно образование и обуки. Поддршката ќе продолжи и во делот на вклучување на жените во претприемнички активности и нивно вмрежување со локалната економија, како и промоција на родово сензитивни политики во претприемништвото и пазарот на труд. Двете страни ќе соработуваат за идентификување на области, во кои можат заеднички да придонесат за јакнење на женското претприемништво и развој на секторот за мали и средни претпријатија на локално ниво.

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ