Меморандум за соработка меѓу Универзитетот Сапиенца и Министерството за здравство

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров престојува во работната посета на Италија во рамки на која се сретна со ректорот на Универзитетот Сапиенца во Рим, Еугенио Гаудио.

На средбата беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Универзитетот и Министерството за здравство на Република Македонија.

Со потпишаниот Меморандум за соработка, соопшти Министерството за здравство, се утврдени аспектите на заедничка соработка и размена на искуства, преку организирање обуки и едукации за доктори-специјалисти, медицински сестри, перфузионисти и други здравствени работници од Република Македонија во рамки на Универзитетот Сапиенца во Рим, програми за стручни престои на медицински специјалисти, особено од областа на кардио-васкуларна хирургија, анестезиологија и кардиоваскуларни болести, како и обуки организирани од страна на медицински експерти од Универзитетот Сапиенца во релевантни медицински центри во Република Македонија.

Воедно, на средбата беше разгледана можноста за организирање повеќемесечни престои (3 – 6 месеци) на специјализанти од Република Македонија во рамки на овој реномиран Универзитет. Универзитетот Сапиенца во Рим е меѓу најголемите универзитети во Европа, а воедно е најстар државен универзитет во Рим, кој е рангиран меѓу најдобрите 30 универзитети во Европа според Шангајската листа, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски