Меморандум за соработка меѓу Македонска и Труска пошта

Од:

Македонска пошта и Турска пошта потпишаа меморандум за соработка со кој се согласија да ги зајакнат компаративните предности во сите подрачја од работењето во заеднички интерес, особено преку размена на искуства.

Во документот што денеска во Истанбул, Турција  го потпишаа генералниот директор на Македонска пошта Фаадис Реџепи и генералниот директор на Турска пошта Кенан Бозгејик се предвидува посебен акцент од двете управи да се става на развојот на e-commerce во Македонска пошта. 

– Поддршката од Турска пошта е од големо значање за нас и ќе ни помогне за побрзо реализирање на нашите деловни планови за развој на постоечките услуги, воведување на нови услуги, особено услугите за e-commerce како можност за понатамошен развој на Македонска пошта, изјави генералниот директор на Македонска пошта Реџепи по потпишувањето на меморандумот.

Би можело да ве интересира

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Поскапени поштенските и курирските услуги

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

A1on

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

A1on