Меморандум од ВМРО-ДПМНЕ до политичките партии за исполнување на стратешката цел влез во ЕУ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ согласно мартовскиот договор има изработено меморандум кој ќе го испрати во Парламентот за поддршка на евроатлантските интеграции, изјави премиерот Никола Груевски денеска во Прилеп.

Одговорајќи на новинарско прашање, Груевски напомена дека меморандумот што утре или задутре ВМРО-ДПМНЕ ќе го достави во собраниска процедура, ќе биде ново декларирање на непопречувањето на патот кон Европската унија.

– Тој меморандум веќе го имавме во една претходна фаза уште пред локалните избори, а го имаа видено претставниците на СДСМ и се имаа согласено со содржината во него. Затоа не очекувам некакви проблеми. Целта е не само да се потврди нашата заложба и на сите парламентарни партии, туку и, на некој начин, да се изрази подготвеност за во иднина да нема попречување на тој пат бидејќи честопати случајно или не, се соочуваме со попречувања на тој пат. Кога велам непопречувањето, мислам попречувањето на самите себе, а не за другите попречувања, рече премиерот.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ