Мемети: На никој не смее да му биде ограничена слободата на движење

Од:

Слободата е важна и за сите кои поради разни причини ги напуштаат своите земји во потрага по помирен и подобар живот. Затоа, на никој не смее да му биде ниту ограничена слободата на движење, ниту правото да бара азил во другите земји. Оттука уште еднаш потсетувам на потребата од хуман третман на овие лица, соопшти денеска народниот правобранител Иџет Мемети по повод Mеѓународниот ден на човековите права, 10 декември.

Mеѓународниот ден годинава се одбележува под мотото „Нашите права нашата слобода секогаш“.

Како што соопшти Народниот правобранител, во овој дух и високиот комесар и Kанцеларијата на Oбединетите нации за човекови права (ОХЦР) повикаа светот да размисли за значењето на слободата без разлика за каква слобода станува збор. Дали се работи за слобода на изразување на мисла, на слободата на избор на работа, на изразување на своите верски културни, политички и други убедувања.

– Слободите се универзални и подеднакво мора да ги ужива секој без разлика на кое место од земјината топка се наоѓаат, на која раса, пол или вера и припаѓаат. Затоа сите ние треба да ја почитуваме слободата на другиот, различниот од нас, ако сакаме и тој да ја почитува нашата слободата. Само взаемноста и почитувањето се одлики на хуманоста како врвна човечка одлика, стои во соопштението на Народниот правобранител.

Годинава светот е во знакот на одбележувањето и на еден многу значаен настан, 50 години од донесувањето на двата круцијални документи кои претставуваат основа за развој на демократските и слободните општества: Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права.Тие се алфа и омега за сите земји. Тие се основата за развојот на цивилизациите на општествата.

Затоа, бранителите на човековите слободи и права мора постојано да потсетуваат на значењето на овие демократски цивилизациски придобивки, но и да работат на нивната промоција, како и на нивна заштита. Без уживање на вистинските слободи нема напредок, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза