(ВИДЕО) Мемеди: Процесите против Aлбанците мора да се вратат на повторно судење

Од:

Политичката партија Беса бара ослободување на обвинетите во случаите „Сопот“ и „Монструм“, како и на осуденикот на доживотен затвор во случајот „Алфи“.

Пратеникот од нивните редови, Реџеп Мемеди, тврди дека ова се монтирани процеси и повикува тие да се вратат на повторно судење, а затворениците да бидат обештетени.

„Осуденикот Керими е во затвор без никакви докази и аргументи, обвинет во незаконска постапка. Во последните денови беше објавен видеоматеријал што докажува дека постапката е лажирана“, вели Мемеди од Беса.

На видеоматеријалот што е објавен, рече тој, не се гледа кои се лицата што го извршуваат убиството. Мемеди, на прашање дали Беса ќе го носи материјалот на вештачење, вели дека тоа ќе го направи семејството ако ништо не преземат државните органи.

Според пратеникот, вистинскиот убиец е на слобода. „Со тоа, ова е уште еден монтиран процес против Албанците“, рече Мемеди.

Тој го повика новиот јавен обвинител да дејствува и да не биде како неговиот претходник.

К.Л.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието