А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мелничарите бараат протокол за возачите – да не ги задржуваат во карантин на граница

by А1он19/03/2020 - 19:19465
Share0

Oколу 200 – 300 тони е дневниот увоз на пченица во земјава, велат мелничарите. Тие повторуваат дека залихи има доволно, за цел месец, дека во континуитет вршат набавка и уште еднаш апелираат до граѓаните да не трупаат залихи.

Добивај вести на вибер

Единствен проблем во моментов, велат, е немањето протокол за нашите возачи на камиони поради што, кога ќе дојдат на граница, надлежните ги задржуваат во 14-дневен карантин. Компаниите во ваков случај се принудени да најмуваат возачи од Србија зашто таму протокол има и тие се заштитени од задржување во карантин.

-Ја повикуваме Владата веднаш да изготви и да воведе протокол за возачите кои транспротираат пченица за мелничката индустрија за да не бидат ставени под карантин како што е случајот денеска со 12-те возачи на цистерни со нафта на граничниот премин „Деве Баир“. Тие се ставени во карантин. Ако вака продолжиме, односно ако нема протокол, стото може да се случи и со увзоот на пченица.  Ако не се воведе протоколот веднаш, не ќе може да се снабдиме со стока, изјави претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ.

Според него, пченица засега најмногу се увезува од Србија.

И Томе Ѓорѓевски од „Кадино“ потврдува дека пченица има и дека континуирано се увезува, но во моментов најголем проблем е транспротот зашто многу возачи, нагласува, се во изолација.

-Снабдување на пазарот со пченица секако има и ќе има. Има и доволно млинови во земјава за да ги одработат увезените количини. Ова што сега се случува е поради големата побарувачка во исто време и ќе стивне, ако не за пет, десет, тогаш за 20 дена, кога граѓаните ќе ги „наполнат“ домовите со брашно. Но, реален проблем во моментов ни е ставањето во карантин на возачите поради што сме принудени да бараме од надвор, а тоа не само што го одолговлекува, туку и го поскапува транспортот, истакнува Ѓорѓевски.

Србија, од каде традиционално најмногу извезуваме, нема да стави рампа за извоз зашто ќе гледа да ги продаде залихите пченица со кои располага.

koronavirus mkdpcenica

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски28/11/2025 - 12:1828/11/2025 - 15:50

Петмина осомничени за незаконска продажба на пченица и јачмен во вредност од 780.487 евра

Горан Наумовски25/11/2025 - 14:3125/11/2025 - 14:31

Трипуновски: Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена до сега

Горан Наумовски04/07/2025 - 16:52

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен