Мехмети на Конференција во Луксембург

Од:

Во рамките на Луксембуршкото претседателство со Европската унија, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на РМ, Ермира Мехмети, од денеска до 14 јули ќе учествува на Конференција на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ – КОСАК, во Кралството Луксембург.

На Конференцијата ќе се расправа за приоритетите на Луксембуршкото претседателство со Советот на Европската унија, за што ќе има обраќање премиерот на Кралството Луксембург, Хавиер Бетер.

Исто така, предвидено е да се одржи расправа и за можностите за унапредување на политичкиот дијалог со воведување на таканаречената „Зелена карта“.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата