Мехмети-Деваја: ВМРО-ДПМНЕ се однесува цинично кон евроатлантските интеграции

Од:

Во интервју за Порталб, Ермира Мехмети Деваја констатира дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува цинично кон евроинтегративниот процес.

– Не сакам да бидам погрешно сфатена, но мојот впечаток е дека однесувањето на нашиот коалиционен партнер е во најмала рака цинично. Се чини дека се почувствуваа комотно откако ние го презедовме евроатлантското портфолио, бидејќи на овој начин во секој момент можат да ја префрлат одговорноста врз нашиот грб. Но јас ќе кажам дека одговорноста за овој процес лежи кај оние што го персонализирале и емоционализирале прашањето кое пак бара единствено реален и прагматичен пристап.

Таа е против предвремени парламентарни избори на пролет, а дипмломатската иницијатива на лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја толкува како потреба од прва рака меѓународната заедница да ги слупне ставовите на Албанците од Македонија.

На прашањето за македонската опозиција Ермира Мехмети Деваја вели дека очекува да и помогне на владата по нејзината консолидација.

– На тој начин ќе имаме сериозен коректор. Тоа исто ќе помогне во побрзо обновување на политичкиот дијалог, особено во Парламентот, вели Мехмети во интервјуто за Порталб.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он