Мехмедовиќ: Метапневмовирус е стар вирус, не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19

Од:

Метапневмовирус е стар вирус, не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19, изјави попладневo портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ.

Тој нагласи дека нема простор за паника ниту кај нас, ниту каде било.

– Вирусот е стар. Вообичаено циркулира во зимските месеци. Не треба да се очекува дека ова ќе биде новиот Ковид-19 и не треба да се крева паника дека ова ќе биде нешто што повторно ќе се репризира – налик она што беше 2020 година кога се ширеше Сарс-ков-2, потенцираше Мехмедовиќ.

Вакцина за овој вирус не постои, а смртноста е исклучително ниска, многу пониска од таа на грипот. Компликациите од овој вирус, како што додаде, се исклучително ретки.

– Вообичеано се кај деца под две години или кај лица со нарушен имунитет, додаде Мехмедовиќ.

Симптомите се како кај грипот – секреција, кашлање, кивање, телесна температура, болки во зглобови. Метапневмовирусот најчесто се пренесува преку близок контакт, преку допир на контаминирани предмети па потоа допирање уста, нос, очи. Вообичаено дава горнореспираторни симптоми, поретко долнореспираторни.

Мехмедовиќ потврди дека засега нема најава за заседавање на Комисијата за заразни болести.

Претходно објави дека во Грција има прв случај на овој вирус.

Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус ХМПВ, како што објавија медиумите, кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран.

Според грчките епидемиолози и министерот за здравство, нема простор за паника, бидејќи како што објаснуваат, станува збор за вирус познат над 20 години.

Грчките медиуми објавија дека мажот се заразил од неговата ќерка која била во Кина на одмор, каде што во моментов постои епидемија на метапневмовирусот.

Би можело да ве интересира

Ќе заседава Комисијата за заразни болести, се очекуваат детали околу забраната за невакцинирани деца во градинките

Засилени инспекции во скопските градинки да се види која од нив прима невакцинирани деца, препорача Комисијата за заразни болести

A1on

Се бара прогласување епидемија на Голема кашлица во Скопје, 18 случаи досега

Анита Петровска Рајковиќ

Петличковски: Нема потреба од паника, конго кримската треска е присутна кај нас, не е секој крлеж заразен

Мехмедовиќ: Детето со морбили во добра состојба е пуштено на домашно лекување

Забраната за движење на невакцинирани ќе стане законска обврска, министерот Сали уверува дека засега нема потреба од ограничување

Маја Илиевска-Пачемска