(ВИДЕО) Мехмедовиќ: Македонија е на врвот во Европа по лошо здравство со смртни последици

Од:

Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ, на прес-конференција презентираше податоци за состојбата на здравството во Македонија и најави дека новата одговорна влада ќе ги ревидира проектите на претходната власт.

„Еве ја поразителната вистина за здравствениот систем – Македонија е меѓу првите две земји во Европа по лоши резултати во здравството, со смртни последици по здравјето на граѓаните.

Поради ова се потребни итни промени во здравствениот систем за заштита на нивното здравје.
Тоа што го крие и за што лаже криминалната власт во заминување, го соопшти Европскиот здарвствен порошувачки индекс (ЕХЦИ).

Истражувањето за 2016 година покажува дека Македонија е на 34-то место по лоши здравствени резултати, од вкупно 35 европски земји!

Ќе ги погледнете и поединечните табели, што ја потврдуваат загрижувачката реалност.
Македонија e прва во Европа по тоа што не може да се справи со смртност од мозочни удари. Сите земји од регионот се подобри од Македонија по овој параметар – намалување на смртноста од мозочни удари.

Македонија е втора во Европа по смртност на доенчиња!
Македонија е трета во Европа по најлоша стапка на преживувавње на болните од рак!
Македонија е меѓу земјите со најголем процент на граѓани кои страдаат од депресија!

Ова покажува дека Мој термин, времето на чекање, таканаречените реформи се само фарса што не функционира во реалноста. Граѓаните знаат по колку време им треба да дојдат до вистинслиот лекар што ќе им ја постави вистинската дијагноза. Знаат дека повеќе време минуваат низ болничките ходници отколку во ординација. Знаат дека не можат да дојдат до соодветен здравствен третман затоа што или апаратите се расипани, или апарати нема, па се препраќаат од клиника на клиника, а со секој нов ден нивното здравје е се полошо.

Ова е резултат на лажните вести на Никола Тодоров дека прават вистински реформи во здравството. Вистината е дека најголемиот нивен успех се тендерите преку кои се збогатија поединци од власта, а граѓаните останаа осиромашени покрај со пари и за најдрагоценото – нивното здравје“ рече Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“