Меѓународно признание за младите политиколози од „Лазо Трповски“

Од:

Учениците од 8б од ООУ „Лазо Трповски“, денеска, 21 мај 2014 година, на пригодна свеченост, ја примија наградата што ја заслужија со учеството на  43. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование што пролетва се одржа во Бон, Германија. Наградата им ја врачи Хелга Тајпел, раководител за култура при Амбасадата на Република Германија во Македонија.

– Признанието е знак за исклучителниот ангажман на наставниците и на учениците и потврдува дека е вложено многу труд, но и дека процесот бил забавен. Тоа е и целта на оваа награда, да ви покаже дека учењето низ забава, а не напамет, е многу поефективно – им честита претставничката на германската амбасада, Тајпел, на учениците од „Лазо Трповски“ пред свеченото врачување на наградата.

Осмоодделенците од ова училиште на годинашниот Меѓународен натпревар за политичко образование што се одржува во Бон, учествуваа со проектот „Добрите и мрачните страни на глобализацијата“, под менторство на наставниците Стефан Симовски и Даниела Радевска, и добија награда за својата возрасна категорија.

– Годинашната награда претставува уште една потврда за континуитетот на осумгодишната традиција на ООУ „Лазо Трповски“ на успешни учества на овој реномиран натпревар чиј покровител е претседателот на Сојузна Република Германија, Јоахим Гаук. Имено, нашето училиште досега осумпати едно по друго учествува на натпреварот во Бон и досега има освоено осум награди – рече директорката на училиштето, Елеонора Стрезовска, упатувајќи благодарност до учениците и наставниците за нивниот ангажман, но и на Фондацијата „Фридрих Еберт“ за поддршката.

Според стручното жири на натпреварот, чија одлука за наградата пред присутните гости ја прочита наставникот-ментор Стефан Симовски, „проектот „Добрите и мрачните страни на глобализацијата“ на учениците од 8б од „Лазо Трповски“ има големи содржински квалитети и креативна форма“, што е само една од причините зошто е награден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи