Меѓународно поддржан проект за Ковид-19 на Клиниката за хематологија

Од:

Проект на Клиниката за хематологија-Скопје предводен од проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис е одобрен да биде финасиран во следните две години од Меѓународниот центар за генетски инженеринг и биотехнологија (ICGEB) во Трст, Италија. Избран е во конкуренција од 38 меѓународни поднесоци на научно-истражувачки проекти во областа на КОВИД-19.

Клиниката соопшти дека се работи за заеднички проект подготвен во соработка со еминентните експерти, акад. д-р Димитар Ефремов, кој раководи со Одделот за молекуларна хематологија во ICGEB, д-р Милена Стефановиќ и д-р Илир Демири од ЈЗУ Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, академик д-р Александар Димовски од Центарот за генетски инженеринг и биотехнологија од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), доц д-р Венко Филипче – Министерство за здравство.

Од Клиниката посочуваат дека КОВИД-19 е болест која има неколку фази и секоја од нив е со свои специфики и бара различен тип на интервенција. Цели на нивните истражувања се: да се утврди зошто кај некои пациенти имуниот систем не успева да се справи со КОВИД19 инфекцијата во почетните фази; дали може да се предвиди текот на болеста и дали, евентуално, би можело да се интервенира за да се превенира тежок облик или несакан исход.

– За таа цел ќе испитуваме два сегмента од имуниот систем. Едниот се т.н. природни антитела, тоа се вид антитела кои се во состојба да неутрализираат различни вируси и кои имуниот систем ги произведува независно од претходни инфекции или вакцинации, а вториот сегмент се цитотоксичните Т лимфоцити. Очекуваме резултатите од спроведените анализи да имаат улога во добивање подлабока слика за имунолошкиот одговор на секој од пациентите со КОВИД-!9 поединечно, со што би било можно и дизајнирање индивудализиран тераписки пристап за секој пациент, информира Клиниката за хематологија.

Во соопштението Клиниката додава дека овој меѓународно поддржан проект ни дава шанса да се вклучиме во глобалната научна борба за справување со пандемијата КОВИД-19 и покажува дека во мала земја како нашата е препознат потенцијал за научно-истражувачка работа.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on