А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Меѓународната летна школа за студенти по архитектура

by А1он09/07/2015 - 11:58149
Share0

Триесет студенти од Македонија и странство учествуваат на Меѓународната летна школа за архитектура што по 24. пат се одржува во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во организација на Архитектонскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

Следете a1on на Instagram Instagram

Темата на годинашната сесија на Меѓународната летна школа е „Изблик на чиста архитектура во планините“, а гостин-тутор е реномираниот светски архитект Питер Вилсон. На Школата учествуваат и други ментори од Архитектонскиот факултет и од странство, како и студенти од Архитектонскиот факултет и странство. Учесниците – студенти, Факултетот ги избира врз основа на апликација придружена со портфолио.

Во досегашното постоење на Летната школа имало учесници и тутори од преку 40 земји од скоро сите континенти. Во последните неколку години, гости-тутори на сесиите на Летната школа беа светски познатите архитекти Сами Ринтала од Норвешка, Хан Тумертекин од Турција, Елија Зенгелис од Грција, Александар Бродски од Русија и други.

obrazovaniestudenti

Би можело да ве интересира

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

Горан Наумовски23/07/2026 - 15:10

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Горан Наумовски19/07/2026 - 16:44

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Предраг Петровиќ23/05/2026 - 19:14

Студентитите протестираа: УЈП вели мора да се пријави доход од странство, не се работи за нов данок

Катерина Ѓуровски15/04/2026 - 14:2115/04/2026 - 14:23

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски27/02/2026 - 20:2527/02/2026 - 20:30

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео