Меѓународната Федерација на новинари: Македонските власти да го ослободат Кежаровски

Од:

Меѓународната федерација на новинари (IFJ) и нејзината регионална група, Европската федерација на новинари (EFJ), заедно со своите членови во Македонија, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Синдикатот македонските новинари и медиумски работници (ССНМ) , реагира дека е недоволно временото ослободување на истражувачкиот новинар Томислав Кежаровски и го повикува Судот да ја земе предвид неговата невиност.

Во прогласот на Меѓународната федерација на новинари стои:

„Според извештаите, околу 3.000 демонстранти се собраа вчера во Скопје протестирајќи да укине двегодишната затворска казна што македонскиот суд му ја изрече минатата недела на Кежаровски за наводно откривање на идентитетот на сведок во случај на убиство.

Со потегот кој го шокираше јавноста, Кежаровски доби привремено ослободување од затвор од здравствени причини и можеше да се приклучи на демонстрациите. Новинарот, сега треба да се врати во затвор на 18. февруари, негираше дека го побарал тоа од судските власти, но беше во можност да се им обрати и да им се заблагодари на демонстрантите.

„Кежаровски е невин новинар кој, во никој случај, не смееше да биде затворен за вршење на неговата работа. Одлуката на судот е срамна и бараме негово итно ослободување”, вели Џим Бумела, претседател на Федерацијата.

Меѓународната федерација на новинари целосно ја поддржува филијалата во Македонија кој го организираше новинарскиот протест пред Судот.

Кежаровски, истржувачки новинар во дневниот весник Нова Македонија, беше во притвор, а потоа во домашен притвор од 28 мај, 2013 за една статија што ја напишал во 2008 година за магазинот „Репортер 92“. Апелациониот суд ја намали првичната казна на две години, но ја потврдува првичната пресуда дека е тој виновен. Кежаровски е во домашен притвор во очекување на исходот на законската процедура. Се очекува тој повторно да биде затворен на уште неколку месеци.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги обвини судовите за политички калкулации наместо да го ослободат невиниот новинар.

“Единствена фер одлука од страна на Апелациониот суд во Скопје е да ги отфрли сите обвиненија. Наместо да води сметка за правата на еден невин новинар кој откри злоупотреби во работата на јавните институции, Судот одлучи да ги заштити оние кои пред две години мислеа дека затворањето на новинар во Македонија може леснода помине “, рече Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Тамара Чаусидис, претседател на ССНМ додаде дека Кежаровски ја презеде најтешките мисија – а тоа е да го брани интегритетот на македонското новинарство. „Тоа е причината зошто казната за него е казна за сите нас. Кежаровски не е виновен и македонското новинарство не е виновно, единствената грешка што ја направи е заштита на изворот и кажувањето на вистината”.

“Тој само си ја вршеше својата работа. Никогаш не требало да биде затворен за обвиненијата против него. Оваа одлука е вистински срам за државата”, рече претседателот на EFJ, Могенс Бликер Бјергард. “Со пресилната пресуда денес се испраќа порака за цензура и на други новинари во земјата. На друго место во Европа, на новинарите им е дозволено да работат истражувачко новинарство за прашања од јавен интерес, ослободени од заканата за затвор. Ние ќе поднесеме извештај за овој случај до меѓувладината организации кои се занимаваат со слободата на медиумите. ”

Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари, заедно ги повикуваат македонските власти да ги почитуваат демократските вредности и да осигураат услови за независен експертиза на неговиот случај, вклучувајќи ја и одлуката и неговото право на фер судење и преиначување на неговата пресуда во ослободителна.

Меѓународната и европската федерација, конечно, бараат од власта, на новинарот да му ги надомести штететите кои тој ги доживеа во текот на целиот процес.“, пишува во прогласот на Меѓународната федерација на новинари.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ