Меѓународна научна конференција во Тетово

Од:

Во организација на факултетот за применети науки при Државниот универзитет во Тетово денеска и утре се одржува Третата меѓународна научна конференција на која учествуваат околу 120 експерти од Македонија, Албанија, Косово и Србија со шесеттина трудови од областа на применетите науки.

Конференцијата за отворена ја прогласи ректорот на ДУТ Вулнет Амети кој посочи дека организацијата на оваа научна конференција веќе трета година по ред ја потврдува успешноста на претходните конференции на кои учествувале голем број на научни работници и кои ги поттикнале и охрабриле младите истражувачи за продлабочување на нивните студии.

-Со студиски програми архитектура, градежништво, мехатроника, економско инженерство, геодезија и геоинформатика како и инженерство на транспорт и сообраќај Факултетот за применети науки на нашиот Универзитет ги применува најсовремените текови во овие области со што ја утврдува модернизација на научните процеси. За ДУТ истражувачка работа се смета за најмоќната алатка за унапредување на знаењето, економскиот развој и социјална димензија на образованието и науката. Оваа меѓународна конференција претставува научна вредност и за учесниците, истражувачите од целиот свет кои го унапредуваат квалитетот на истражувањата и претставуваат одлична можност за реализиција на вакви научни собири од областа на применетите науки, рече Амети.

Во продолжение на конференцијата претседателот на комората на овалстени архитекти и инжинери на Македонија Миле Димитровски одржа предавање под наслов Загадувањето на воздухот во урбаните средини – студија на случај за Скопје. Според него воздухот и неговата заштита треба да претставува главен приорите на постојните и идните кадри од архитектурата, урбанизмот, сообраќајот и другите применети науки за справување со енормното загадување на воздухот што стана посебно забележително во последните десеттина години.

-Не постојат итни мерки што би се презеле за да добиеме позитивни резулати околу состојбите со воздухот веднаш, а тоа се однесува и на Тетово и на Скопје каде во изминатите десеттина години се водеа погрешни политики и со тоа и преземените мерки не дадоа посакувани резултати. Меѓутоа уште веднаш треба да се преземат мерки како што се отстранување на депонијата кај Тетово, вистинско регулирање на индустријата во оваа насока, градење на обиколници и други сообраќајници за олеснување на сообраќајниот метеж како една од причините за загадувањето, обновувањето на возниот парк особено кај патничките возила и слично за по десеттина години ако се работи од денес да го ставиме загадувањето под контрола, рече Димитровски.

За професорот од факултетот за примемети науки Вулнет Палоши големата загаденост на воздухот во тетовско но и во други урбани области се лошата урбанизација при модернизацијата и развојот во последните години.

-Тетово сега е образовен, индустриски и трговски центар на регионот и пошироко но зголемемата фрекфенција на луѓе, материјали и стока не беше паралелно следена со соодветен развој на урбанистичките планови, патната инфраструктура и слично. Затоа најитно мора да се ажурираат урбанистичките планови како што е пробивањето на улицата Благоја Тоска или изградбата на обиколницата кон граничниот премин Јажинце со што околу 30 отсто би се намалило загадувањето на воздухот но и истиот процент би бил и во поглед на намалувањето на бројот на сообраќајни несреќи, рече Палоши.

Во рамките на Третата меѓународна конференција на факултето за применети науки на ДУТ беше организирана и изложба посветена на десетгодишнината од постоењето на овој факултет, а беше и промовиран третиот и четвртиот број на списанието на факултетот за стручни научно истражувачки текстови од применетите науки.

Би можело да ве интересира

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски