Меѓународна научна конференција „Европа и Балканот“ во Скопје

Од:

Меѓународна научна конференција за европските интеграции „Европа и Балканот” по 13-ти пат ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

На отворањето, како што е најавено, ќе се обрати државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Македонија Виктор Димовски.

Главни говорници се првиот претседател на Република Словенија Милан Кучан и професорот по историја на источноевропските култури на Универзитетот во Лајпциг, Германија Штефан Требст.

На конференцијата учество ќе земат дваесетина научници и истражувачи од десетина земји, кои ќе изложат реферати за актуелни прашања, нудејќи еден свеж, критички и долгорочен поглед, кој оди подалеку од досегашната дебата за европската интеграција на Балканот.

Би можело да ве интересира

Слебода: „Европејците би можеле да разгледаат екстремни мерки против Трамп“

Газпром предупреди: Европо, внимавај

Предраг Петровиќ

Мосад: Хамас планираше напади во Европа

Русија е подготвена да потврди дека нема намера да ја нападне Европа

Една четвртина од Европејците не ги плаќаат сметките на време, младите се најтешко погодени

Политико: Зеленски се соочува со тежок избор – Планот на Трамп или нестабилни Европејци

Горан Наумовски