Меѓународна конференција за метеорологија и хидрологија

Од:

Меѓународна конференција и работилница од денеска до 9-ти овој месец ќе се одржуваат во Скопје во организација на Управата за хидрометеоролошки работи и во соработка со Светската метеоролошка организација и УСАИД.

Конференцијата и работилницата се во рамки на меѓународниот проект „Зајакнување на системот за рано предупредување на временски и хидролошки непогоди во регионот на Југоисточна Европа“.

На конференцијата најавено е присуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, на директорот на УХМР Оливер Ромевски, како и на претставници од Светската метеоролошка организација и други европски организации од областа на метеорологијата и хидрологијата.

Изминатите години ЈИЕ, како што е наведено во соопштението од УХМР, се соочи со значителен број сериозни метеоролошки и хидролошки појави кои предизвикаа големи количини врнежи, што доведе до појава на поплави, лизгање на земјиште, суши и шумски пожари, продолжени периоди на студено време, топлотни бранови, силни бури и град. Овие опасни појави имаа значително влијание во регионот, вклучително и загуба на човечки животи, штети на имотите и инфраструктурата и го нарушија функционирањето на клучните сектори.

Со цел да се овозможи подобро справување со поплави, лизгање на земјиште, суши и топлотни бранови кои често го погодуваат регионот на Југоисточна Европа, како што информираат од УХМР, ќе се воведе нов прекуграничен систем за рано предупредување и известување за повеќе опасни појави.

Новиот систем кој е наречен „Систем за рано предупредување и известување за повеќе опасни појави во ЈИЕ“ (South-East European Multi-Hazard Early, Warning Advisory System-SEE-MHEWS-A) ќе им обезбеди на активните метеоролози ефективни и тестирани алатки за прогнозирање опасни временски појави како и нивните можни влијанија. Преку единствена виртуелна платформа, системот ќе претставува поддршка за добивање точни прогнози и предупредувања од аспект на донесувањето одлуки на надлежните органи, поврзани со некаква опасност.

Системот ќе претставува заедничка платформа на која што метеоролозите од различни земји може да работат заедно на идентификување на потенцијалните опасни појави и нивно влијание, особено кога истите засегаат повеќе земји.

Овој проект е продолжение за понатамошно развивање на капацитетите во метеоролошкото и хидролошкото прогнозирање и издавање предупредувања поврзани со екстремни случувања, како и спроведување еден заеднички сеопфатен протокол за предупредување/алармирање во и е од суштинска важност за националните хидрометеоролошки служби од ЈИЕ.

Проектот „Систем за рано предупредување и известување за повеќе опасни појави во ЈИЕ“ е финансиран од УСАИД и Канцеларијата на САД за помош при несреќи во странски земји, а го спроведуваат Светската метеоролошка организација со поддршка од Финскиот метеоролошки институт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска