Меѓународен семинар за дигитални алатки за отворено владеење

Од:

Општина Центар, заедно со Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје организираат денеска меѓународен семинар „Отворено владеење: принципи, методи и дигитални алатки“, во рамки на проектот „РЕКОВ: Обмислување заеднички вредности за јавни политики“.

Семинарот, како што најавија организаторите, ќе го отворат заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Семинарот е првиот меѓународен настан што се организира во рамки на проектот. Целта е да се претстават добри практики на користење на дигитални алатки со кои јавните институции може да бидат поотворени, со фокус на употребата на новите технологии.

Проектот е финансиски поддржан од програмата на Европската унија „Европа за граѓаните“, а општина Центар е носител на проектот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар