Меѓународен научен собир за архелогија на мочуришта од 11 до 17 мај во Скопје и Охрид

Од:

Околу 20 архелози, односно 40 делегати од Швајцарија, Русија, Украина, Франција, Германија, Холандија, Грција, Литванија, Словенија и Македонија ќе учествуваат на Меѓународен научен собир за архелогија на мочуришта или водоземна археологија. Собирот од утре до 17 мај ќе се одржува во Скопје и во Охрид, во организација на Центарот за истражување на предисторијата.  

– Ова е прв настан и единствен од ваков тип во Македонија. Главна цел на научниот собир е да презентира методи на истражување во архелогија на мочуришта или водоземна археологија, изјави Гоце Наумов од Центарот за истражување на предисторијата. 

Една од целите, како што рече, е да се презентира она што ние го имаме како културно наследство и да видиме што имаат другите во т.н. водоземна архелогија која има многу нови придобивки, кои не ни се познати.

Наумов информира дека собирот ќе се одвива во неколку институции, во Музејот на Македонија, Музејот на Град Скопје, Археолошкиот музеј на Македонија, во Завод и музеј-Битола и во Охрид, каде ќе има многу предавања и презентации. Научниот собир е во рамки на проектот NEENAWA (Network in Eastern European Neolithic and Wetland Archelogy), поддржан од Швајцарскиот национален фонд за наука. 

Тој истакна дека пет-шест месеци го организирале собирот и додаде оти имало голем интерес за него.

Следни активности на Центарот за истражување на предисторијата се обуки за ГИС мерења, ГИС анализа и 3Д реконструкција, во јули ќе има истражување во Пелагонија на една тумба, ќе има обука во Пелагонија и Охридско за афирмирање нови методи за пронаоѓање и регистрирање на локалитетите. За крајот на годината е предвидена една конференција за неолитот од Македонија.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза