Меѓународен ден за намалување на ризиците од катастрофи

Од:

Под мотото „Попреченоста не нè спречува да бидеме подготвени“ денеска се одбележува Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи – 13 октомври.

Во неговото одбележување вклучени се Министерството за образование и наука, Центарот за управување со кризи и Програмата  за развој на Обединетите нации (УНДП), кои спроведуваат повеќе активности во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје.

УНДП, соопшти дека предвидено е да бидат изготвени материјали кои ќе им овозможат на лицата без вид и на слабовидните лица обука за справување со различни кризни состојби. Изготвувањето на прирачници со браево писмо и со текстови прилагодени за слабовидните лица се одвива во соработка со дефектолози од училиштето „Димитар Влахов“ во Скопје.

За најмалите ученици со пречки во видот ќе бидат изработени и соодветни боенки кои ќе им помогнат да научат како да постапуваат во такви ситуации. Мото на годинашното одбележување „Попреченоста не нé спречува да бидеме подготвени“, е испечатено и со браево писмо и се наоѓа на постерот изготвен по повод одбележувањето на 13 октомври.

Предвидено е адаптирање на видео игра која се користи како помошно средство во редовните училишта, во рамките на реализацијата на наставните содржини од предметот „Вештини на живеење“, преку која учениците по пат на игра ги учат чекорите и постапките кои треба да ги преземат во случај на итна состојба предизвикана од настанување на пожар, поплава, земјотрес или друга непогода.

Поголемиот дел од планираните активности, според УНДП, се очекува да бидат завршени до 8 ноември, патрониот празник на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината

Земјотрес во Македонија

А1он

Бројот на загинати по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

А1он

Уште еден силен земјотрес во Авганистан

Осум лица загинаа во поројните дождови во делови од Југоисточна Азија

Земјотрес од 4,8 степени по Рихтер во Киргистан

А1он