Меѓународен ден на жената – 8 Март

Од:

Во Македонија денеска се одбележува Меѓународникот ден на жената – 8 Март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

По тој повод, Музејот на македонската борба организира специјална програма под мотото „Жената борец за слобода и македонска државност“. Низ потсетување на животниот пат на жените кои се бореле за слободата и државноста на Република Македонија Музејот ќе им оддаде почит на неколку жени револуционерки од НОБ во Македонија – Вера Јоциќ, Жамила Колономос, Ибе Паликуќа, Вера Циривири-Трена и Мирка Гинова.

Празникот ќе биде одбележан и од  Културно-информативниот центар „Култура 365“ од Охрид, кој организира акција „Книга за секоја жена“.  Женската секција при Конфедерацијата на слободни синдикати ќе го одбележи празникот со делење флаери со кои ќе ги информира граѓаните зошто е потребно синдикално да се организираат. АМСМ организира трибина на тема „Жената-фактор за поголема безбедност во сообраќајот“. Сојузот на стопански комори, Здружението на бизнис жени и Бизнис конфередерација на Македонија организираат настан на тема „Жени на лидерски позиции: Предизвици и стратегија за нивно надминување“.

Детскиот културен центар „Карпош“ ќе ја реализира традиционалната изложба на детски цртежи од предучилишните установи на тема „Цртам за мојата мајка“.

Град Скопје во рамки на седмото издание „Вечери на женски права“ организира Национална конференција за одбележување 10 години од донесувањето Законот за еднакви можности на жените и мажите, „Финансирање за родова еднаквот и Агендата 2030“. Во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан филмот „Слободниот глас на Египет – Навал Ел Садави“ и ќе има деба на тема „Зошто феминизмот има толку непријатели“.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД, по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 година, под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.

По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март е прогласен за државен празник.

Би можело да ве интересира

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Се откажуваат патувањата за 8 март: На граѓаните им доцнат пасошите, агенциите веќе ги платиле хотелите

Орце Костов

„Држава што не постапува е држава што силува“ – протестен марш по повод Меѓународниот ден на жената

Жарко Настоски

Спасовски: Горд сум што има повеќе жени во полицијата и во командните структури

Жарко Настоски