Меѓународен ден на СОС линиите за помош на децата

Од:

На СОС линијата за помош на децата 0 800 1 22 22 и е неопходна финансиска поддршка за долгорочно непречено функционирање, како и хармонизирање со европскиот број за таа намена 116 111.

Таков апел упати денеска Првата детска амбасада во светот Меѓаши во Скопје, по повод Меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот – 17 Мај, што годинава се одбележува под мото „Правото да си слушнат“.

– СОС бесплатната линија за деца и млади 0 800 1 22 22 нуди услуги кои се од големо значење за помош на децата и заштита на нивните права, затоа сметаме дека е неопходно и од голема важност СОС телефонот за деца и млади да се хармонизира со европскиот број 116 111, соопшти Првата детска амбасада Меѓаши, укажувајќи дека таква препорака има и од Комитетот за правата на децата од Женева.

На бесплатниот СОС телефон за деца и млади 0800 12222, во рамки на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, минатата година се регистрирани 279 контакти, со кои подоцна дополнително е комуницирано 969 пати.

Според Меѓаши, од 1993 досега на бројот 0800 12222, добиени се над 20.000 повици, направени се 19.700 разговори, со повеќе од 7.479 деца е разговарано и понудена име дирекна помош и поддршка, а разговарано е и со повеќе од 3.116 возрасни( родители/старатели, баби, дедовци, соседи…) кои сакале да им помогнат и да ги заштитат децата. Посветени се 202.000 работни часови во помош и поддршка на децата. Повеќе од 200 волонтери и волонтерки и СОС операторки и оператори се обучиле за работа на СОС телефонот за деца и млади. Тие своето време и знаење го посветиле во насока на заштита и грижа за децата.

Првата Детска Амбасада во Светот Меѓаши е дел од меѓународната мрежа Child Helpline International – која ги обединува СОС сервисите за помош на деца од земји ширум целиот свет. Досега во светот на сите СОС детски линии вкупно остварени се повеќе од 126.000.000 контакти со децата или нивните родители и најблиски за проблеми кои ги имаат децата или дојави за прекршување на некое детско право.

Меѓународниот ден на детските линии за помош е глобален настан за детските линии за помош да привлечат внимание кон својата работа во заштитата и зајакнувањето на децата и младите. Се одбележува од 2007 година.

Би можело да ве интересира

Традицијата на IT 4 Charity продолжува – edition 2021!

Ана Ололовска

Отворање на реконструираното игралиште во СОС Детско село

Ана Ололовска

Охрид реагира: Законот дозволува да се легализираат објекти на државно земјиште

Предраг Петровиќ

Николовски во СОС Детско село: Секое дете заслужува среќно и исполнето детство

Ана Ололовска

Новогодишна кампања на СОС Детско село „Место со срце“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Онлајн донации за сите кои сакаат да им подарат насмевка на децата без родители

Ана Ололовска