Меѓународен ден на исчезнатите деца

Од:

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на исчезнати деца, воведен во 1983 година во знак на сеќавање на децата кои се исчезнати и на тие кои се повторно вратени кај своите семејства. Целта е да се подигне свеста за овој глобален проблем.

Првата детска амбасада „Меѓаши“ соопшти дека според проценките на Интернационалниот центар за исчезнати и киднапирани деца, секоја година во светот исчезнуваат најмалку осум милиони деца годишно или 22 илјади дневно.

– Исчезнувањето и киднапирањето деца прерасна во секојдневен проблем со кој се соочуваат сите земји и на кој треба да му се посвети особено внимание од страна на претставниците на законот и на владите ширум светот. За жал, многу земји овој проблем не го сметаат за приоритет и немаат развиено соодветни механизми за пронаоѓање на исчезнатите деца за кои постои висок ризик да бидат искористени за проституција, трговија со органи, питачење и други најтешки форми на злоупотреба на деца, соопшти „Меѓаши“.

Покрај поттикот земјите да развијат политики за заштита на децата, овој ден има цел да укаже и на подеднаквата важност децата да се научат како да се заштитат себеси и како и да се информираат за ризиците и опасностите што ги демнат.

– Република Македонија исто така се соочува со проблемот на исчезнати и киднапирани деца. На официјалната интернет страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во моментов има објавено фотографии и податоци на четири деца кои се водат како исчезнати, информира „Меѓаши“.

Детската амбасада почна интензивни активности и подготовки за хармонизација и добивање на европскиот број 116000 за заштита на исчезнати и киднапирани деца.

– Со добивањето и почетокот со работа на овој број сметаме дека ќе бидеме уште подостапни за децата и за нивните родители кои се соочуваат со ваков проблем. Така ќе можеме уште поактивно да се вклучиме во постапките за заштита на деца од киндапирање и исчезнување, да бидеме во функција на преземање активности за пронаоѓање и враќање на исчезнати деца, намалување на сите облици на злоупотреба на деца и нивниот труд, како и активности со цел за постојана заштита на правата на детето, наведува Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Би можело да ве интересира

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

Орце Костов

151 дојава на СОС линијата за деца и млади во првата полововина од 2021

Меѓаши започна онлајн кампања „Поттикни МИР“

На СОС-телефонот на „Меѓаши“ лани 240 јавувања, двојно повеќе од годината пред тоа

Катерина Ѓуровски

„Меѓаши“ прославува 27 години од постоењето

Ана Ололовска

„Меѓаши“ го промовираше прирачникот „Позитивно родителство“

Ана Ололовска