А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Меѓаши: Децата да не се користат како инструмент во кампањи

by А1он01/07/2020 - 13:55158
Share0

Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска упати апел до политичките партии, Основното јавно обвинителство, Државната изборна комисија и медиумите дека децата треба да се третираат сериозно, а не да се користат како инструмент во кампањи.

Добивај вести на вибер

-Крајно сме разочарани и револтирани од неодговорниот однос на сите политички и институционални чинители кон децата и нивните права за време на предизборната кампања. Трет пат апелираме до сите политички партии, до Државната изборна комисија, до Основното јавно обвинителство и до медиумите да го сменат својот однос и покажат дека децата се важни за нив, секој во рамки на своите надлежности, се вели со соопштението од Меѓаши.

Од Меѓаши информираат дека вчера доставиле до Основното јавно обвинителство (ОЈО) информација за инволвирање на децата во политички кампањи и неколкукратно прекршување на нивните права. Во доставената информација, како што се наведува, дадени се линкови, на конкретни примери на злоупотреба на деца во политичката кампања, на увид на ОЈО. Од Меѓаши очекуваат соодветна реакција.

Потсетуваат дека вчера апелирале и до Државната изборна комисија (ДИК) за прекршување на правата на децата во кампањите на политичките партии, како и злоупотребана децата и детскиот свет.

-Како институција што е одговорна за обезбедување услови за демократско и слободно спроведување на целиот процес на предвремените парламентарни избори – од предизборната кампања, се до денот на изборите, очекуваме дека ДИК ќе преземе соодветни мерки кон политичките партии во насока на заштита на правата на детето и најдобриот негов интерес, стои во соопштението.

Од медиумите , како што се наведува, очекуваме да бидат главни актери во подигнување на свеста за заштита на правата на детето, да отвораат теми и дебати од едукативен и информативен карактер со цел подобро разбирање на тоа што значи злоупотреба на правата на децата во политички кампањи. Потсетуваат дека е забрането емитување на политички рекламни спотови во кои се вклучени деца.

Од Меѓаши апелират третпат до сите политички партии што учествуваат во изборниот процес да ги повлечат сите рекламни спотови во кои, како што се наведува, на кој било начин ги злоупотребуваат децата со цел постигнување политички поени.

izbori 2020

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска05/01/2021 - 08:54

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска17/08/2020 - 07:4917/08/2020 - 07:49

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он10/08/2020 - 12:32

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он10/08/2020 - 08:14

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он09/08/2020 - 13:06

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он07/08/2020 - 20:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен