Детската амбасада Меѓаши бара кривична одговорност за Тамара

Од:

Првата Детска амбасада во светот Меѓаши денеска поттикната од смртта на малата Тамара која почина чекајќи да и биде одобрено лекување во странство, побара засилени мерки на превенција, соодветна, адекватна заштита на секое дете и одговорност. Само така, сметаат од Меѓаши, нема да се повторуваат зачестените случаи каде децата се жртви на инстуционална негрижа.

– Треба да се соочиме со реалноста која ни се случува последниве години на полето на заштитата на децата. Една од мерките е институциите да дадат отчет за сите случаи каде децата биле жртви на негрижа. Треба да се понесе одговорност од етички и кривичен аспект. Затоа ги повикуваме Јавниот обвинител и Народниот правобранител да го испитаат не само случајот Тамара, туку и сите други случаи каде има основ да се постапува да ја степенуваат и да ја утврдат одговорноста и да поднесат кривични пријави против одговорните за случаите на згаснат детски живот поради негрижа, занемарување…, се вели во денешното соопштение од Меѓаши.

Без разрешница на овие случаи, додаваат од Првата Детска амбасада, нема да имаме праведен систем кој води сметка за најдобриот интерес на децата, нивното здравје, сигурност и правилен раст и развој.

Од Меѓаши посочуваат дека со утврдувањето и степенувањето на одговорноста на случајот Тамара и сите претходни случаи кога се утврдува одговорност од страна на системот, државата ќе покаже дека ги почитува сите меѓународни стандарди, норми, закони и конвенции за заштита на детето, неговите права и право на здрав и достоен живот.

Би можело да ве интересира

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

Орце Костов

151 дојава на СОС линијата за деца и млади во првата полововина од 2021

Меѓаши започна онлајн кампања „Поттикни МИР“

На СОС-телефонот на „Меѓаши“ лани 240 јавувања, двојно повеќе од годината пред тоа

Катерина Ѓуровски

„Меѓаши“ прославува 27 години од постоењето

Ана Ололовска

„Меѓаши“ го промовираше прирачникот „Позитивно родителство“

Ана Ололовска