Меџити: Време е Ахмети да се повлече

Од:

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, по првичните резултати од локалните избори, изјави дека ВРЕДИ е легитимен победник во мнозински албанските општини и дека очекува победа уште во првиот круг во Чаир, пред противкандидатот од НАИ, Бујар Османи. Во своето обраќање, Меџити упати и директен повик за оставка до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценувајќи дека „гласот на Албанците го испратил во политичка пензија“.

– На ДУИ и Ахмети кои се залагаа за легитимитет, да им честитам за победата во Пласница, додека во другите општини убедливо води ВРЕДИ. Во Чаир сме да ја прославиме победата на ВРЕДИ уште во првиот круг. Тие посакуваа да се мериме во Чаир и Тетово, и таму убедлива победа ќе издвојува ВРЕДИ, како и во други општини доаѓаат резултати дека ВРЕДИ е легитимен победник, рече Меџити.

Посочи дека очекува победа во четири до пет општини уште во првиот круг, и водство во поголемиот дел од албанските општини на државно ниво.

– Сакам да напоменам дека нема цензус во Врапчиште, додека во Гостивар е на граница да нема цензус, дополни Меџити.

Тој побара оставка од лидерот на ДУИ Али Ахмети.

– Денес, со срце полно со гордост и благодарност, сакам гласно и јасно да кажам, вечерва Албанците победија, а вечерва една политичка класа се пензионираше. Честитки за победата, честитки за пензионирањето на политичките противници. Вечерва му се обраќам на мојот политички противник, Али Ахмети, со целосно почитување и јасност – ова е моментот кога мора да поднесете оставка. Гласот на Албанците ве испрати во политичка пензија, посочи Меџити.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он