Навистина е крајно време тој ментален склоп, став дека имунизацијата или вакцините имаат некој дефект, затоа се тука сите професионалци, здравствени работници и ги повикувам како министер и апелирам кај сите да ги вакцинираат децата против морбили, алармира денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.
Тој рече дека Министерството за здравство моментално работи на едукација за кревање на свеста за имунизацијата.
-Навистина ние секојдневно работиме на оваа проблематика. Тоа што веќе ние имаме соработка со УНИЦЕФ, со УСАИД, со поддршката на ЕУ, знаете ние веќе пред некој ден имавме „врата до врата“ за имунизација против морбили. Имунизиравме некаде од три до 3.600 пациенти. Засега ние сме распределиле и патеки и едукација како треба имунизацијата да се направи за да стигне до свеста на сите граѓани. Имаме досега пратено околу осум илјади вакви патокази. Навистина работиме секојдневно. Ние навистина работиме во секоја насока во Министерството за здравство гледаме од искуства од ЕУ од сите држави како да ги поттикнеме граѓаните да ги имунизираат своите деца и продолжуваме навистина многу динамично да работиме во овој правец. Нормално е дека треба да се работи, треба луѓето да се убедуваат, нема друг излез, истакна министерот.
Меџити рече дека е потребна погоелема свесност и од Владата во однос на проблемот со губењето на медицински персонал.
Па така, за потребата од трајни вработувања на вработените на дело во здравствените установи тој посочи дека ќе издејствува трајни вработувања.
– Навистина ова е голема работа, моја слаба точка. Верувајте, многу тешко одат овие преговори и морам да признам. Но, нема да отстапам и реков како министер за здравство овие пред се, јас како министер се емпатизирам со овие вработени. Овие се судбини на луѓе и на Влада пред една недела и вчера им кажав дека нема да направам компромис како министер за здравство со никого и до крај ќе издејствувам за овие лица да бидат вработени со трајни решенија. Вчера ја отворив и темата за приватните специјализанти кои веќе добиваат околу 30 илјади денари од Министерството за здравство кои биле вклучени за време на КОВИД-от што било потребно и сакам и овие да ги вработиме за да утре немаме миграција на здравствени работници т.е. на лекари и да ги задржиме и да го ублажиме во регионалните градови и места кај што имаме дефицит, истакна тој.
Додаде дека поради овој проблем државата губи здравствени работници.
-Замислете, некој ќе треба да заврши 5-6 години специјализација и ти на крај да го пуштиш туку така да оди на запад, да каже пријатно, значи немам никаква обврска кон државата и за ова сакав да ги сензибилизирам и навистина им држев едно предавање убаво како што држиме ние лекарите на медицински факултет за да им кажеме на сите во Влада дека здравството е сензитивна работа. На крај на денот сите еден ден ќе бидеме пациенти и за тоа да се повикаат на својата свест сите членови на Влада. Со мене како министер и со заменичката нема друг излез. Мора да си најдат решение, рече Меџити.
Оцени дека проблем се финансиите и дека како држава која се стреми кон ЕУ потребно е итно решавање на ваквите проблеми.
– Секогаш проблем и во секоја држава па и во развиените, а посебно кај нас нормално секогаш се финансиите проблем, но тоа што јас не се согласувам овие се по 5-6 години со договор на дело, нема да дозволам како министер некој да се поигрува со судбините на овие луѓе. И ако државата е сериозна, ако се стреми кон патот на ЕУ мораме државнички да размислуваме и да ги решиме проблемите постепено, смета тој.
Во однос на тоа задржувањето на специјализантите во државата рече дека ќе се нудат трајни вработувања во местата од каде доаѓаат.