Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

Од:

Министерот за здравство Фатмир Меџити соопшти дека до крајот на месецот ќе се потпише Меморандум со Светската здравствена организација за борба против пушењето и нашата земја ќе мора да се придржува кон ригорозните мерки на СЗО.

– Кога ќе дојде до некоја од овие болести кои ги предизвикува пушењето, лекувањето е поскапо, а веќе знаеме дека во нашата мила држава секое семејство губи некој од најмилите. Повикувам сите да ги почитуваат систематските прегледи. Со ова ќе се намали бројот на овие злочудни заболувања – објасни Меџити.

Сите министерства и инспекторати кои имаат надлежност врз овој проблем ќе треба да бидат поорганизирсни во борбата против пушењето.

– Ова е токсично, ова е отров и од ова треба да се одвикнеме. И граѓаните велат дека пушењето е штетно. Тоа што ме загрижува најмногу, е пасивните пушачи, новороденчињата и децата, да се грижиме за нив – додаде Меџити.

Во однос на мерките против пушењето министерот извести дека до крајот на месецот ќе се потпише меморандум, а конкретните мерки ќе се знаат по потпишувањето.

Би можело да ве интересира

Клековски: Законот за пушење ќе биде најпрогресивен, потребна е масовна поддршка

Една година по забраната – Словенците се уште користат е-цигари со ароми, но непроверени и купени од црниот пазар

Научни истражувања во Франција: Нема докази дека сите никотински производи се подеднакво штетни

Забраните за продажба не помагаат да се спречи шверц на алтернативните никотински производи, здравјето во опасност

Реакција на Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на С. Македонија на Предлог-текстот на законот за заштита од пушење

Горан Наумовски

„Крај на пушењето?“: Европа треба да избере иновации наместо рестрикции