Меџити ќе проверува каков лекарски третман имала родилката која се обиде да се убие на Гинекологија

Од:

По извршениот вонреден инспекциски надзор на Државниот санитарен здравствен инспекторат, денес на барање на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити формирана е комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката Б.М од Скопје.

„Комисијата за стручен надзор, составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ има задача да изврши надозр над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката. По добивање на извештајот од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба. Исто така, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно извештајот на ДСЗИ“, соопштија од кабинетот на министерот Меџити.

Претходно, Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК) преку соопштение информираше за извршените вонредни инспекциски надзори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат:

„Пациентката која се породи на ден 28.6.2023 година на ЈЗУ У ГАК-Скопје, два дена по породувањето се пожалила на лесна вознемиреност на медицинскиот персонал во дневна смена од одделот за родилки – Пуерпериум. Според сите протоколи, таа веднаш е видена од стручно лице за ментално здравје – психолог магистер по клиничка и советодавна психологија, кое е стручно лице вработено на ЈЗУ У ГАК-Скопје за проценка на вакви состојби.

По извршениот разговор со стручното лице не е нотирано дека пациентката пројавила симптоми кои укажуваат дека постои закана од суицид.
Поради веќе утврдените симптоми на лесна вознемиреност, истиот ден е креиран упат за проценка на натамошната состојба и за евентуалната потреба од дополнителна терапија од страна на психијатар пред испис.

Напоменуваме, проценката од стручното лице била дека се работи само за знаци на лесна вознемиреност која е честа состојба кај родилките и не е индикација за ургентно да се повика психијатар.

Од дежурните служби во текот на викендот кога таа престојува на ЈЗУ У ГАК-Скопје (1 и 2.7.) не е рапортирано влошување на нејзината состојба, односно немала знаци за сериозно нарушување на менталната состојба.
Пациентката на ден 01.07. направила и соодветен контакт со бебето, што е адекватна емотивна реакција кон нејзиното новородено, и што не покажува емоционална состојба која упатува дека родилката ќе направи обид за суицид.

На ден 02.07. поради појава на симптоми на лесна вознемиреност, пациентката неколку пати е посетена и е извршен разговор со дежурниот лекар при што е ординирана соодветна анксиолитична терапија и повторно е креиран упат за проценка и за евентуална потреба од назначување на третман од страна на специјалист психијатар веднаш по исписот, што беше планирано да се случи на ден 03.07.2023 година“, соопштија од ГАК.

Би можело да ве интересира

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, Таравари повика да делуваат судските органи ако се утврди лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Собраниска расправа за разрешување на министерот за здравство