Имавме индиции дека во минатото се случила некоја злоупотреба на Онкологија, пред моето доаѓање за министер, го знаеме случајот со медицинската сестра, па откако сум јас министер, побарав од Инспекторатот да направат контрола. Тие биле на Клиниката за онкологија и радиотерапија и извршиле контроли во период од први јануари 2022 година, до 31 октомври таа година. За овие десет месеци, според извештајот, нема некои пропусти, во секојдневното работење на клиниката.
Ова го изјави министерот за здравство Фатмир Меџити, во одговор на новинарско прашање што го поттикнало уште пред еден месец пред скандалот околу третманот на онколошки пациенти, да прати контрола од Здравствениот и санитарен инспекторат во Онкологија.
– Инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат беа на Клиниката за онкологија по мое барање и направиле контрола. За тие 10 месеци за кои направиле контрола немало пропусти. Пред скандалот да избие во јавноста, ние цело време имавме комуникација со управата на Клиниката. Пред два месеци ги побарав претставниците на системот КАТО без да се знае за овој скандал, тие ми рекоа дека бил во кратко време во функција, но рекоа дека е добар систем и дека следи во милилитри како се троши лекот, но не го препознава лекот.
Дали може да се краде некој лек, да, може секој од вработените, но ќе сноси одговорност тој – рече Меџити.
Но, тој потврди дека од Инспекторатот немале ингеренции во однос на лековите.
Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по отвoрањето на Центарот за фетална медицина во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, рече дека со доаѓањето на функција, работи транспарентно, и информира за агендата на контроли во здравствени институции.