Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Од:

Пред само неколку години, единствените „градежни“ активности што ги гледавме беа гламурозни прес-конференции и камери насочени кон ленти што никогаш не се пресечени со асфалт. Ништо не се градеше.
 Денеска, наместо фотообјективи, околу нас „трешти“ звукот на булдожери, багери и камиони. Ние не снимаме рекламни спотови, градиме иднина. Градиме патишта за нашиот народ. Коридорот 8 е повеќе од пат. Тоа е европска артерија што ги поврзува Јадранот со Црното Море, го поврзува срцето на Балканот. Нашата стратешка одлука е јасна: Македонија ја завршува својата делница и ја носи Европа на Балканот, а Балканот – во Европа, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Меџити, кој присуствуваше на поставување камен-темелник за изградба на автопатот Тетово-Гостивар во должина од 18 километри, порача дека создаваат можности за младите да се вратат дома.

– Со почетокот на овој автопат, го претвораме Полошкиот регион во крстосница на можности и инвестиции, работни места, го скратуваме патот меѓу Скопје, Охрид и Струга и ја приближуваме границата кај Ќафасан кон секој наш дом и секоја бизнис идеја што чека пазар. Создаваме можности да си ги вратиме децата дома, рече Меџити.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски

Нов анекс-Договор вреден 186 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија