Меџити: Четворица пратеници од Европскиот фронт се префрлаат во ВЛЕН

Од:

Четворица пратеници од Европскиот фронт ќе му се приклучат на парламентарното мнозинство, најави првиот вицепремиер и еден од лидерите ВЛЕН Изет Меџити во интервју за Алсат.

– ВЛЕН нема да остане со девет пратеници, ниту Европскиот фронт со оние што ги има. Движењата започнаа и мислам дека во наредните денови, особено следната недела, ќе се види дека ситуацијата не е таква. Разговорите не се завршени, се наоѓаат во завршна фаза, но потврдувам дека има таков број што веќе го напуштија Фронтот и го поддржуваат мнозинството, рече Меџити, посочувајќи оти станува збор за четворица пратници од Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Тој потврди и дека сите ресори во Владата што ги водеше крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари ќе останат на ВЛЕН.

– Она што е власт и што му припаѓа на ВЛЕН, останува на ВЛЕН. Сега кој ќе биде дел од ВЛЕН во иднина – поединци, други субјекти – тоа е прашање кое го дискутираме и дебатираме, но со оваа власт управува ВЛЕН. Сè додека не одлучиме за други околности за размена на ресори, но засега оваа тема е затворена, додаде Меџити.

Според него, мнозинството од АА не се согласува со заминувањето на Таравари од Владата. За вицепремиерот задолжен за политики за добро управување, Арбен Фетаи, кој сè уште не одлучил дали ќе остане во Владата, Меџити рече дека е во комуникација со него.

– Мислам дека во овој период добро работеше како вицепремиер за добро владеење. Заедно придонесовме во важни прашања, етнички, и мислам дека е потребен на Владата. Се надевам дека ќе остане, нагласи Меџити.

На локалните избори, тој најави дека покрај партиските, ќе поддржат и независни кандидати.

– Она што ќе биде добра вест за овие избори е дека ВЛЕН ќе излезе од партиските бои, ќе излезе и надвор од ВЛЕН. Ако кандидатурите се подобри во некоја општина, ќе ги поддржиме независните кандидати во големите урбани општини, а една од нив ќе биде и Гостивар, рече Изет Меџити.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!

Предраг Петровиќ

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол