Меџити: Бараме албанско име за училиште каде што учат Македонци

Од:

Од владејачката албанска партија ДУИ нудат до коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ да се избере училиште каде што децата се 100 oтсто Албанци да носи име од македонската историја, но за возврат да најдат едно училиште во некоја скопска општина каде што голем дел од учениците се Македонци да носи албанско

Со ова ќе се докаже дека се гради соживот, вели градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

За тоа дека се прескокнуваат процедурите кои се вообичаени за промена на имињата на училиштата, Меџити вели дека министерот за образование е тој што ги крши законските процедури, за што покренале и судска процедура врз основа на законот за општа управна постапка.

Меџити објаснува дека промената на имињата на училиштата не била донесена само со одлука на општинскиот совет, туку ги поминале сите филтри, од одбор на родители, училиштен одбор, Совет на општина Чаир, а министерот треба само да ги верификува статутите на училиштата и тоа не го направи во предвидениот рок.

„Во однос на комбинирање на паралелките, првиот случај го имаме во општина Аеродром. Ние, со жал констатирам, не бевме среќни кога требаше да преземеме мерка и во Чаир да комбинираме паралелки. Потоа се случи и во Сарај. Но тоа го направивме во функција на преиспитување на одлуката на градоначалникот на Аеродром. Бидејќи таа одлука е штетна, најштетно е што се играат со децата и не можам поинаку да ја сфатам освен како етничко чистење на училиштата во Аеродром”, вели Меџити.

Потсетува дека ова е процес кој почнал во 2005 и трае досега и со овие четири имиња треба да се заокружи преименувањето на училиштата, како што заврши процесот со именување на улиците, кое помина на Совет на Град Скопје, на владина седница.

„Истите имиња ги има на улиците низ Скопје, Хасан Приштина, Исмаил Џемали, Јусуф Гарвала и ред други и само прашање е на време кога ќе се постават табли со вакви улици од Град Скопје”, вели Меџити.

Тој вели дека се подготвени и после 70 години што ги почитувале тие имиња, личности и настани што ги почитувале од македонската историја и да изберат едно училиште каде што децата се 100 отсто Албанци да носи име од македонската историја, но за возврат, да се докаже и покаже од другата страна дека сме спремни и работиме за соживот, нека најдат едно училиште во која било скопска општина каде што голем дел од учениците се Македонци да носи име на Албанец.

„Не мора да биде име кое што би крева тензија, не мора да биде Хасан Приштина, Јусуф Гарвала или Адем Јашари. Еве ќе посочам и пример, единствениот нобеловец од Република Македонија за наука е Ферит Мурати, а тоа ќе биде чест и за училиштето”, додава Меџити.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Демократски сојуз го потсети ДУИ: За изборот на Влада нема Бандентер, тоа не е предвидено со Уставот

А1он

Реакција на ДУИ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски намерно ги загрозува меѓуетничките односи

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Орце Костов

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески