Медиумските закони на дневен ред на утрешните комисиски заседанија

Од:

Пратениците утре започнуваат со своите обврски по летниот одмор. Ќе заседаваат собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија. Првата седница по одморите Собранието ќе ја одржи во понеделник на 26 август.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија и на Законодавно-правната комисија се двата медиумски закони, предлог-законите за медиуми и за за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање, како и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем, во прво читање.

Владата до Собранието достави нови амандмани за медиумските закони, а амандмани најавија и неколку медиумски здруженија. Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ги најави владините интервенции во законите пред јавната расправа што се одржа на 13 август, но тогаш рече дека не ја исклучува можноста амандмани да бидат поднесени и како резултат на оваа расправа на која учествуваа и експерти од TAIEX, ОБСЕ и Советот на Европа.

Иако се очекува амандманската расправа да заврши до крајот на неделата, медиумските закони до денеска не се ставени на дневен ред на 69. седница закажана за во понеделник на 26 август.

Пред оваа седница исто така в понеделник ќе заседаваат и комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, образование, наука и спорт и за надворешна политика, како и Законодвано-правната комисија.

Би можело да ве интересира

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време