Медиумски и новинарски организации на средба со претседателот Иванов

Од:

Претставници на пет новинарски и медиумски организации денеска се сретнаа со претседателот Ѓорге Иванов, на која, како што соопштија, е разговарано за можноста за продолжување на разговорите за медиумските реформи пред изборите, информираат во заедничко соопштение медиумските организации.

На средбата учествувале претставници на ЗНМ, на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС).
– Петте организации го пренесоа ставот дека сè додека не бидат спроведени медиумските реформи, во Македонија нема да има услови за слободни и кредибилни избори. Претставниците на организациите го информираа Претседателот дека во текот на следната недела ќе достават иницијатива за измени и дополнувања во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги до пратениците на Собранието на РМ, како вовед во сеопфатни и темелни реформи во медиумскиот систем, се вели во соопштението.

Целта на измените и дополнувањата на законот, наведуваат во соопштението, е да обезбеди независен и професионален регулатор, институционална автономија и уредувачка независност на МРТ, како и намалување на обврските и високите казни кон медиумите. – Исто така,  потребно е да се забранат владините реклами во медиумите. Петте организации истакнале дека за да се создадат услови за фер и демократски избори, покрај измени на медиумските закони е потребна и нивна целосна имплементација.

Според соопштението, претседателот Иванов изразил подготвеност да помогне во процесот и побарал листа на приоритетни теми за кои тој може да даде свој придонес.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза