Мециновиќ: Зошто седум години не се распишува оглас за генерален директор на МРТ

Од:

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во контекст на актуелната собраниска процедура за именување нов Програмски совет на МРТ отвори низа прашања поврзани со легитимноста и транспарентноста во работењето на јавниот сервис, на прес-конференција пред зградата на Македонската радио телевизија (МРТ).

Мециновиќ потсети дека МРТ е една од најважните институции во државата, со историска улога во креирањето и зачувувањето на државноста, и дека нејзиното работење мора да биде јавно, објективно и законски засновано. Според него, веќе утре во Собранието, Комисијата за избори и именувања ќе го разгледува новиот состав на Програмскиот совет, кој потоа ќе оди и на пленарна седница за гласање. Но, како што посочи, овој процес го отвора прашањето зошто паралелно не се распишува јавен конкурс и за избор на нов генерален директор на МРТ.

Пратеникот истакна дека актуелниот генерален директор првпат е именуван во 2012 година, по што е реизбран во 2015 и 2018 година, но од тогаш, иако законски мандатот е ограничен на три години, нов конкурс не е распишан. Тој го нарече ова „директор со три мандати плус еден гратис“ и нагласи дека ваквата состојба е спротивна на духот на законот. Според Мециновиќ, уште од 2021 година постојат најави дека Програмскиот совет ќе распише нов конкурс за генерален директор, но тоа никогаш не се случило.

Истовремено, Програмскиот совет сега презема иницијатива за избор на нов Надзорен одбор, со образложение дека му истекол мандатот, но не ја објаснува причината зошто не постапува и за позицијата директор. Според Мециновиќ, дури и самите записници од седниците на Советот потврдуваат дека тие не се сигурни во своите надлежности и бараат автентично толкување од Собранието, но такво барање досега не е добиено во Собранието. Во март годинава, без дополнителни објаснувања, Советот одлучува да распише конкурс за Надзорен одбор, во консултација со актуелниот директор, што дополнително ја прави ситуацијата спорна.

Левица смета дека оваа состојба отвора сомнежи за можно политичко и лично влијание во управувањето со јавниот сервис, при што се користат правни сиви зони за одржување на статус кво.

Претставникот на Левица најави дека ова е само прва во серија прес-конференции на кои ќе бидат изнесени дополнителни информации за работењето на МРТ, потенцијални злоупотреби и кршење на работнички права во оваа институција. Тој ги повика сите кои располагаат со информации за работењето на јавниот сервис слободно да ги споделат со Левица како парламентарна партија.

„Вистината сите ја знаеме – прашањето е дали ќе одлучиме да бидеме слепи за неа“, заклучи Мециновиќ, потенцирајќи дека МРТ мора да се заштити од политичко и приватно влијание и да се врати на вистинскиот пат – да биде сервис во интерес на јавноста.

Би можело да ве интересира

Левица: За Тошковски засилените контроли беа само пи-ар – билтените на МВР повторно со црни статистики

Левица: Потрошувачка кошничка на ДПМНЕ – леб и сол за народот, луксуз за власта

А1он

Левица: Тошковски ги иззема од истрага кадрите на ДПМНЕ – селективна одговорност е неодговорност

Левица: Ѓорче се распаѓа под тежината на урбаната мафија и институционалниот молк

(ВИДЕО) Мециновиќ: Кандидатите за Програмскиот совет на МРТВ претендираат за трет мандат спротивно на Законот

Утврдена листата кандидати за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија