Мециновиќ за пожарот во Трубарево: Колку богатство може да ве насити?

Од:

Пратеникот и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, остро реагираше на социјалните мрежи, за огромниот пожар што избувна во фабриката за електронски отпад во Трубарево и предизвика вознемиреност кај скопјани. Мециновиќ прстот го впери кон лицемерието на властите и стручните кругови кои со години ја префрлаат вината за загадувањето врз сиромашните.

„Море политичари, стручњаци и сите останати на платен список, кои со години трубат дека сиромашните се проблем за загадувањето – те се грееле на ќумбиња, те возеле стари автомобили – да одите сега во Трубарево да видите како тоа изгледа кога гори електронски отпад во близина на градинка“, пишува Мециновиќ.

Тој додава дека институциите немаат никаква системска регулација и инспекциски надзор. „Затоа од време на време ни се случуваат вакви еколошки катастрофи“, вели Мециновиќ и додава дека лицемерието на власта и бизнис елитата оди дотаму што додека преку цела година индустриските загадувачи палат текстил и пластика во печките од една страна ги обвинуваат домаќинствата за загадување од друга страна.

„Колку богатство може да ве насити?“, ги праша Мециновиќ политичарите и тајкуните.

Посебна благодарност упати до пожарникарите кои, и покрај лошите услови и недостатокот на опрема, повторно се справија со огнената стихија. „Нека им е со лесно на хероите пожарникари – само они знаат како им е,“ нагласи тој, додавајќи дека итно треба да им се обезбеди соодветна опрема и поддршка, а од властите се очекува да дадат експедитивен одговор и да превземат конкретни мерки за да се спречат идни слични катастрофи.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски