Мециновиќ: Влада фокусирана на олигархијата, глува за сиромаштијата

Од:

Оваа Влада ќе биде запаметена по најголемите задолжувања во историјата и најнемилосрдната борба против синдикатите, работничкото претставување и работничките права, оценува пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, во објава на социјалните мрежи.

„Ќе се памти по криминално богатење и репресија на неистомисленици, политички, медиумски и граѓански – бидејќи ова е Влада на олигархијата и крупниот капитал. Додека УСЈЕ труе, молчат – додека работниците бараат повисоки плати, гласно и фуриозно се борат против тоа“, пишува Мециновиќ.

Според него Владата не покажува интерес ниту за сиромаштијата, ниту за загадениот воздух, ниту за работничките права, туку исклучиво за бизнис – интересите и олигархиските потреби. „Само ненаситноста на олигархијата е бесконечна, како и волјата на нивната Влада да ја храни“, порачува Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови