Мециновиќ: Приватизацијата во здравството останува приоритет и на новиот министер Алиу

Од:

Говор на пратеникот Амар Мециновиќ по однос на предлогот на Владата за избор на Азир Алиу на функцијата Министер за здравство.

„Сакам да му честитам на господинот Алиу, затоа што по неколку часа ќе стане дел од најрасипничката Влада во историјата на постоењето на Република Македонија, Ќе стане дел од онаа влада, која врза јамка околу вратот на народот, која тежи седум милијарди евра, преку директни задолжувања ‘Влада со Влада’ во само година дена од нивното владеење.

Сиромашните се разболуваат почесто, живеат пократко и умираат тивко! Сиромаштијата е причина за амплификација на сите физички и ментални болести во медицината. Дали господинот Алиу не гледа дека неговата Влада, после година дена од нејзиното владеење, сиромаштијата останува висока и не е приоритет за решавање? – Особено децата, старите и вработените на минимални плати не се заштитени и остануваат најзагрозени.

Како, Владата и неговото Министерство ќе се справи со ова? – Оваа Влада служи на капиталот, не на народот! Политичките дејствија и буџетите кои ги крои се по желба на нивните фирми инвеститори, а не на народот. Ова е Влада која сите загуби ги колективизира, додека профитот го индивидуализира!

Секој повод за приватизација и профитирање ќе го, ќе го зграпчи оваа Влада. И кога споменуваме менџери Министри, мене ми се чини дека токму тоа и одговара тој епитет. Затоа што тие се менџери за дополнително приватизирање на ресорите кои ги водат. Тоа е целта, приватизација и унапредување на приватниот интерес, затоа што така нема да има никаква демократска контрола над институциите кои треба да ги овозможат услугите на општествениот договор“, кажа Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

Левица: Скопје како плен, реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Горан Наумовски

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска