Мециновиќ од Аеродром: Луѓе одиме во втор круг

Од:

„Енергијата е очигледна. Луѓе, одиме во втор круг! Таму ќе разговараме за многу нешта затоа што во првиот круг противкандидатите ќе бегаат од дебати. Но, во втор круг нема каде да избегаат и ќе се сретнеме конечно. Ние во мандатот ќе се залагаме за градскиот превоз, за загадувањето на градот, за зајакнување на претпријатијата и преку тоа создавање на функционални јавни претпријатија кои сите услуги ќе ги даваат на задоволително ниво. Утре продолжуваме понатаму, по улиците, онаму каде што патот ќе нè однесе. На улиците ги промовираме нашите спотови кои се цензурирани. Ова движење не е запрено, тоа станува сè поголемо од ден на ден,“ изјави Амар Мециновиќ, пратеник и кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на Левица.

Во позитивна и енергична атмосфера, со граѓани кои сè повеќе ја препознаваат искреноста и чесноста на кандидатите на Левица, пред Капитол Мол се одржа средба на Мециновиќ заедно со кандидатот за градоначалник на Аеродром, Марјан Димитриев и советниците за Град Скопје и Општина Аеродром.

„На терен сме, лице в лице со народот – ја слушаме секоја мака и секој предлог. Нашата сила е токму во народот, а нашата визија е чиста, праведна и современа општина и град по мерка на жителите,“ порачаа од партијата.

Димитриев, кој во Аеродром влегува со амбициозна програма, пред граѓаните потенцираше:

„Денес сме тука да ја претставиме нашата програма. Дел од приоритетите се чиста и здрава општина, да ставиме крај на загадувањето и конечно да го решиме паркинг просторот. Аеродромци се спремни за победа, така што морам да кажам – доаѓа нашето време.“

Од Левица нагласуваат дека нивната цел е да го вратат Скопје и Аеродром во рацете на народот – преку транспарентно и одговорно управување во интерес на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Левица: Поддршка до народот на Венецуела и нејзиниот демократски избран претседател Николас Мадуро

Предраг Петровиќ

Левица: Минималната плата под прагот на сиромаштија, секое трето дете живее во беда

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

(ВИДЕО) Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за непримена на право

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Левица: Ниту една бремена жена да не добие отказ

(ВИДЕО) Левица: Со предлог измените на КЗ не се враќа правдата, ДПМНЕ ја амнестира високата корупција

А1он