Мециновиќ: Народот ќе плаќа, тие ќе возат поршиња во Монте Карло – се задолжуваме за лагите на власта

Од:

На денешната собраниска седница, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, ја искритикува владината намера за ново задолжување од шест милијарди евра преку договори „влада со влада“, предупредувајќи дека ваквите договори се далеку од економска корист и претставуваат долгорочна закана за економската и политичка сувереност на земјата.

Мециновиќ го оцени новиот заем како уште една во низа „финансиски авантури“ на Владата, што ќе имаат сериозни последици по идните генерации. „Ова е меѓугенерациски долг кој ќе се чувствува многу долго време“, рече тој, посочувајќи дека токму ваквите задолжувања, со високи камати и прикриени политички обврски, ја отвораат вратата за странско влијание врз домашната политика.

„Вие на нас ни ја ставате сувереноста на коцка. Вие дозволувате политичкиот интерес на странски држави да ни ги управува работите“, нагласи Мециновиќ.

Тој истакна и дека по однос на унгарскиот кредит, од Левица побарале информации од Развојната банка за тоа кои компании ги добиле средствата, но добиле одговор дека тоа е „деловна тајна“.

„Зад овие договори се кријат приватни интереси блиски до владејачките структури“, предупреди пратеникот.

Според него, второто задолжување во изборна година го потхранува сомнежот дека ваквите проекти се само инструмент за политичко позиционирање, а не вистински развојни инвестиции. Притоа, Мециновиќ ги потсети граѓаните дека слични ветувања и проекти биле давани и во минатото од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но никогаш не биле реализирани, оставајќи само долг и разочарување зад себе.

„На крајот, ако сè отиде по зло, цената нема да ја платат политичарите – туку граѓаните. Тие ќе останат со долгови, а политичарите ќе ги гледаме со Поршиња во Монте Карло“, рече Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски