Мециновиќ: Демографијата не се спасува со „мамо роди ми братче“ – предлагаме закон за отпис на 20% од станбениот кредит по новороденче

Од:

Левица предлага државата да презема 20 отсто од преостанатиот станбен кредит на едно семејство за секое новородено или посвоено дете, со што станбената политика директно би се поврзала со справувањето со демографската криза. Предлогот денеска на прес-конференција го презентираше пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ.

Според предложениот модел, за секое новородено или посвоено дете државата би преземала по 20% од преостанатиот долг за единствениот дом на семејството. Мециновиќ го спротивстави ваквиот пристап на пораките од министерката за образование Весна Јаневска, нагласувајќи дека наместо апели до децата да бараат братче или сестриче, потребни се политики со конкретна материјална вредност.

„За разлика од министерката Весна Јаневска, ние предлагаме 20% за братче, 20% за сестриче“, порача Мециновиќ, оценувајќи дека Владата не го препознава демографското прашање како стратешки интерес кој мора да се решава долгорочно.

Како аргумент за предлогот, тој посочи дека македонските домаќинства должат речиси две милијарди евра по основ на станбени кредити, што, според изнесените податоци, претставува речиси 40% од вкупните задолжувања на домаќинствата. Во една година станбениот долг пораснал за 273 милиони евра, а растот на станбеното кредитирање изнесува 16,6 проценти.

Мециновиќ посочи и на состојбите во образованието како показател за размерите на демографската криза. За една година има 433 паралелки и околу 3.000 првачиња помалку, 26 дополнително затворени училишта и вкупно 148 празни училишта.

Од Левица сметаат дека демографската политика не може да се сведе на повици кон младите да формираат поголеми семејства, ниту на идеи како даночење на ергени, туку мора да биде проследена со создавање материјални услови за живот. Според Мециновиќ, основањето семејство не смее да значи ризик од сиромаштија и доживотна несигурност поради кредитни задолжувања.

„Демографската криза не се решава со апели, туку со создавање материјални услови преку долготрајни политики и силни инвестиции од државата“, истакна тој.

Мециновиќ на крајот оцени дека одговорноста за условите во кои младите живеат и формираат семејства мора конечно да ја преземе државата.

Би можело да ве интересира

Левица: Вирусот од западнонилска треска не исчезнува затоа што ДПМНЕ престана да објавува неделни извештаи

А1он

ДПМНЕ ќе менува закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО, тврди Левица

A1on

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

(ВИДЕО) Станкоска: Орце Ѓорѓиевски против жртвите на семејно насилство вети дека ќе обезбеди субвенции за кирии, па ги исфрли од ребалансот

Горан Наумовски

Исмаил: Министерството за демографија крена раце од родилките – за доцнењето на надоместоците одговора со „не сме надлежни“

Левица: Јаневска им вели на шестгодишни деца да бараат братче и сестриче за да ја решат демографската криза во која ДПМНЕ ја доведе Македонија